Лидерите на Западен Балкан во посета на Драч

Лидерите на Западен Балкан во посета на Драч

Како израз на солидарноста со граѓаните на Албанија, и во знак на поддршка и духовна поткрепа на жителите на градовите и другите населени места што настрадаа од земјотресот на 26 ноември, претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателите на Србија и Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ, утринава го посетија Драч.

Лидерите на Западен  Балкан, кои во Тирана пристигнаа на третата сесија од иницијативата за продлабочување на соработката во регионот, се сретнаа со дел од семејствата што сега ги обновуваат своите домови од трагичната катастрофа, и ја потврдија својата подготвеност да ја продолжат натамошната поддршка и помош во периодот на закрепнување од последиците од земјотресот.

Оваа посета на Драч воедно е и најава на заедничката соработка во справувањето со природни катастрофи и вонредни состојби која ќе биде вклучена како уште една област за непосредна и блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан во документот за поинтензивна интеграција на регионот што ќе биде усвоен денеска во Тирана.

Македонија беше една од земјите што веднаш упати стручни екипи за прва помош и спасување кои, со специјализирана техничка опрема и кучиња трагачи,  спроведоа акции за извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.

Владата на Република Северна Македонија издвои 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …