Честитка на премиерот Заев по повод Божик: Ова се денови кога сме повикани во мир и спокојство да изградиме похуман и праведен свет

Честитка на премиерот Заев по повод Божик: Ова се денови кога сме повикани во мир и спокојство да изградиме похуман и праведен свет

Претседателот на Владата Зоран Заев, во писмо до д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во Северна Македонија, нему и на верниците од католичката вероисповед им го честиташе големиот христијански празник Божик – празникот на Христовото раѓање.

„И оваа година се радуваме и го воспеваме раѓањето на богомладенецот Христос, придружуван од песната на ангелите во негова чест и во чест на овој настан: „Слава му на Бога во висината, а на земјата мир меѓу луѓето!“ Овој голем христијански празник секогаш ги повикува сите луѓе да го земат како пример делото и учењето на Исус Христос, и во мир и со спокоен дух, да им понудиме на сите, во исто таков мир да го победиме злото и да го преобразиме во добро“, се вели во честитката на премиерот Заев до д-р Киро Стојанов.

Премиерот Заев во честитката нагласува дека секоја година Христовото раѓање е нова надеж за подобро утре за секој човек, во секое семејство.

„Ова се денови кога сите ние сме повикани да учествуваме да изградиме похуман и праведен свет, со уверување дека во мир и спокојство имаме можност за попросперитетна иднина за сите“, пишува во честитката претседателот на Владата на Северна Македонија Заев и додава дека оваа година ќе ја запаметиме и по посетата на Светиот Отец Папа Франциск на нашата земја.

„Светата литургијата со која Папата Франциск ги благослови католичките верници и сите граѓани со добра волја, е израз на почит за заедништвото меѓу народите на нашата земја кое го негуваме. Неговата посета беше силен поттик и поддршка за сите нас. Христос се роди. Среќен Божик за сите!“, се вели во честитката на премиерот Заев до д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во Северна Македонија, и до верниците од католичката вероисповед.

Прочитајте повеќе

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Матурантите се исплашени оти испити ќе полагаат во холови, нема да има препишување

Интерес за подготвителни часови покажуваат оние ученици кои сакаат да се запишат на државните факултети, …