Честитка од претседателот Пендаровски по повод Божик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Божик

Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка до граѓаните по повод христијанскиот празник Христовото раѓање – Божик:

Почитувани сограѓани,

Дозволете ми, да ви го честитам големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик.

Од се срце посакувам празничните денови да ги пречекаме во добро здравје, радост и среќа споделувајќи љубов и хармонија со нашите најблиски. Празничните денови кои ги минуваме во нашите домови исполнети со светлина и топлина, нека не инспирираат да се грижиме и да им подадеме рака на сите на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа.

Почитувани,

 Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човекување и ни ја всадува вербата во подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба. Пораките на овој празник нека допрат до нашите срца и нека не следат цела година давајќи ни сила заеднички да се соочиме со сите предизвици кои ни претстојат. Само со заедништво, солидарност, разбирање и меѓусебна почит ќе дојдеме до личен просперитет и развој и напредок на нашата татковина.

Нека ни е честит Божик!

Христос се роди!

 

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …