Јованоски: На Божик се потсетуваме на универзалните вредности - човекољубие, милосрдие и солидарност

Јованоски: На Божик се потсетуваме на универзалните вредности – човекољубие, милосрдие и солидарност

Божикна честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски:

Почитувани сограѓани,

Големиот христијански празник Рождество Христово – Божик, е Денот кога сите се потсетуваме на универзалните вредности: човекољубието, милосрдието, солидарноста, а кои се наша водилка на патот кон создавањето на сплотено и подобро општество, втемелено на меѓусебното почитување, толеранција, љубов и заедничкат желба за колективен напредок.

Христовото раѓање – Божик, нека внесе радост, мир, спокој и добрина во нашите срца, духовна сила за изградба на подобро утре на секој граѓанин.

Божикниот празник нека биде исполнет со ведар дух, топлина, сплотеност и хармонија во домовите и семејствата на сите верници.

Нека ни е за многу години Божик.

Христос се роди!

Прочитајте повеќе

Русија повторно го нападна Киев, повредени три лица, меѓу кои и дете

Русија повторно го нападна Киев, повредени три лица, меѓу кои и дете

Руските сили извршија ракетни и беспилотни напади врз Киев рано утрово, предизвикувајќи пожари во најмалку …