Премиерот Спасовски оствари средба со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето Цариградската Патријаршија во Истанбул

Премиерот Спасовски оствари средба со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето Цариградската Патријаршија во Истанбул

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, во придружба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, денеска остварија средба со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето Цариградската Патријаршија во Истанбул.

На средбата, која се оствари како резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх ја упати до Зоран Заев додека беше премиер на Владата на нашата земја, претседателот на Вадата на Северна Македонија, Оливер Спасовски на поглаварот на Цариградската патријаршија му го честиташе празникот Христовото раѓање – Божик, со желби за здравје и сила, во мир и спокој да продолжи, како прв меѓу еднаквите во Православната црква, да ги обединува сите сестрински цркви.

Средбата во седиштето на Цариградската Патријаршија се одржа во пријатна атмосфера и во срдечниот разговор беше изразена надеж дека и оваа година Патријархот Вартоломеј, во духот на толеранцијата и разбирањето, ќе продолжи да поттикнува дијалог за изнаоѓање решенија за сите прашања со кои се соочува православниот свет и верниците.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, во срдечната атмосфера на средбата упати покана Патријархот Вартоломеј да ја посети нашата држава и да се сретне со верниот народ.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …