Сопругата на Претседателот Пендаровски учествуваше на настанот „Таа лета со сопствени крилја“

Сопругата на Претседателот Пендаровски учествуваше на настанот „Таа лета со сопствени крилја“

Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на денешниот настан „Таа лета со сопствени крилја“ организиран во рамките на иницијативата за Западен Балкан на шведскиот Институт за претприемништво кај жените поддржан од Амбасадата на Шведска во земјава.

Во своето обраќање пред присутните на настанот, Ѓоргиевска истакна дека успехот, како и многу други важни нешта во животот немаат возраст и дека на патот кон успехот младите жени треба да бидат самоуверени, да комбинираат амбиција и инспирација и да го најдат своето идеално место.

„Вашата приказна може да инспирира некој друг, затоа споделете ја со другите и поддржете и други жени да успеат.“

Ѓоргиевска додаде дека образованието е многу важно и затоа и таа се трудела да учи од најдобрите. Таа исто така порача дека работните места не треба да се етикетираат како „женски“ или како „машки“, туку дека сите треба да се стремиме кон постигнување на поголема родова еднаквост.

На настанот свои искуства од областа на претприемништвото пренесоа успешни жени од бизнис секторот од повеќе странски земји меѓу кои и професори од Универзитетот Лунд од Шведска со цел истите да мотивираат и инспирираат за вклучување на жените во светот на претприемништвото.

Проектот е инициран од три млади жени кои беа дел од обуката за иновации и претприемништво на Шведскиот Институт во Лунд, a составен дел од настанот беше и церемонијата на доделување на признанија на Ирена Јакимовска, Гзиме Фејзи и Фатма Бајрам Аземовска за нивните достигнувања како успешни жени во своите области на делување.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …