Крушево: Се интензивира изградбата на гробното место на Тоше

Крушево: Се интензивира изградбата на гробното место на Тоше

Изградбата на гробното место на Тоше Проески е во напредна фаза и, според најавите, се очекува градежните работи да завршат до месец јуни.

Изградбата, односно комплетната реконструкција на вечното почивалиште на Тоше започна во ноември минатата година, за што Владата издвои 10 милиони денари.

Симболиката на гробното место, според идејното решение кое го изработи Жарко Чаушевски, е голема. Тоа е проектирано на три нивоа, кои го претставуваат патот на душата, а во основата на спомен обележјето е крстот, како симболика на религиозноста на Тоше Проески. Дополнително, гробното место ја означува и добро познатата физичка положба на Тоше со отворени дланки.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …