Девет кривични пријави за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Девет кривични пријави за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по чл. 206 ст.1 од КЗ на РМ, СВР Битола поднесе кривични пријави против пет лица, и тоа: Р.Р., П.Р, Е.Р, Б.Р, С.Р, сите од Битола, додека Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривични пријави против четири лица, и тоа: Т.Т(38), С.Т(68),Т.А(55) и А.Б(44), сите од Прилеп.

Пријавените за време на пандемија дошле во државата од ризични држави, при што при влез во земјата од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за домашна изолација, кои тие не ги почитувале.

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …