Заев: Изборите се решение, а не проблем

Заев: Изборите се решение, а не проблем

Кандидатите за пратеници на СДСМ и коалицијата од ИЕ 4, вчера во Струмица одржаа заеднички состанок со Регионалниот изборен штаб. Состанокот се одржа според сите протоколи за зашита од КОВИД-19, кои ги имаат усвоено здравствените власти.

Во својата изјава, претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на коалицијата во ИЕ 4, Зоран Заев, уште еднаш потенцираше дека е крајно потребно да се најде решение изборите да се одржат пред почеток на летото, најмногу заради здравјето на луѓето.

„Изборите се потребни за да обезбедиме целосно функционални институции, кои ќе го штитат здравјето на граѓаните и кои ќе обезбедат целосен рестарт на македонската економија. Изборите треба да се одржат во првиот можен термин, согласно законските можности и согласно состојбата со епидемијата“, напомена Заев во изјавата дадена после состанокот.

Прочитајте повеќе

Поплави во Бразил без преседан – 78 загинати и 115.000 раселени

Поплави во Бразил без преседан – 78 загинати и 115.000 раселени

Поплавите во Рио Гранде ду Сул, најјужната држава во федеративната република, траат веќе една недела, …