Денешна состојба со коронавирус во државата: 11 оздравени, 37 новозаболени, нема починати од Ковид-19

Денешна состојба со коронавирус во државата: 11 оздравени, 37 новозаболени, нема починати од Ковид-19

Во последните 24 часа, направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус, од кои:

– Скопје 12

– Куманово 8

– Штип 2

– Прилеп 2

– Тетово 7

– Струга 4

– Охрид 2

Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 11 оздравени пациенти:

– Скопје 2

– Прилеп 7

– Велес 2

Во изминатото деноноќие нема починати пациенти како последица на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443.

Досега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања на Ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи.

Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот се направени 2.248 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се 3 позитивни случаи на Ковид-19.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …