Јованоски: Взаемното почитување и славење на празниците на различните верски заедници, се столб на соживотот

Јованоски: Взаемното почитување и славење на празниците на различните верски заедници, се столб на соживотот

Честитка на градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, по повод големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам:

На нашите сограѓани од исламска вероисповед им го честитам големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам. Им посакувам празничните денови да ги минат во кругот на семејството, опкружени со среќа, љубов, радост и добро здравје.

Празникот нека биде повод за зацврстување на верата и надежта во напредокот и подобрата иднина, бидејќи взаемното почитување и славење на празниците на различните верски заедници, се столб на соживотот.

Мултиетничкиот карактер на нашата држава, богатството од различни култури и бројноста на етничките заедници, во себе носат важна порака: дека етничката и верската различност нè зближуваат и дека меѓусебното разбирање и толеранцијата, треба да бидат мост меѓу сите граѓани.

Честит и за многу години Рамазан Бајрам!

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …