Полицискиот час не го испочитувале 59 лица, регистрирани 255 прекршоци за неносење заштитна маска

Полицискиот час не го испочитувале 59 лица, регистрирани 255 прекршоци за неносење заштитна маска

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 59 лица што не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 32 лица, додека за останатите граѓани се земени податоци и за нив ќе следуваат соодветни мерки.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 255 прекршоци, а четири лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, велат од МВР.

Во изминативе 24 часа на 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 потпишале изјави за самоизолација.

Прочитајте повеќе

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

ЗНМ бара полицијата итно да постапи по заканите по животот кон новинарот Ерол Ризаов

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази сериозна загриженост поради директните закани по животот, …