сдсм

СДСМ: Мицкоски прво нека ги научи мерките и протоколите, а потоа да почне да ги почитува законите

Реакција на СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски:

Зачудувачки е како Христијан Мицкоски без ниту малку срам се обидува да држи некакви лекции во јавноста, кога сите видовме со колку мал морален и етички капацитет располага.

Човекот кој не почитува мерки, во време на забрана оди во кафеана, во теретана, ги прекршува сите протоколи сега се обидува со кафански пресметки да ја излаже јавноста.

Христијан Мицкоски има уште многу лекции да научи, уште многу книги да прочита за да може да оценува што е во интерес на граѓаните.

Прво треба да престане да ја лаже и манипулира јавноста, а потоа да ги научи мерките и конечно да почне да ги почитува.

Мицкоски ќе мора и кривично да одговара за  непочитување на мерките односно за сите кривични дела кои ги предизвика на „Боемска”.

Прочитајте повеќе

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Филипче: Да се мобилизираме, во ваши раце е одлуката за подобра иднина

Интегрален говор на носителот на листата во изборната единица 4, д-р Венко Филипче, на синоќешниот …