Брилијант омега 3 извор на есенцијалните масни киселини

Брилијант омега 3 извор на есенцијалните масни киселини

Есенцијалните омега-3 масни киселини се неопходни за правилно функционирање на нашиот организам, а не можат да се синтетизираат. Тоа значи дека нив мораме да ги внесеме преку исхраната. Затоа Витаминка го создаде Брилијант Омега 3 маслото за јадење збогатено со есенцијалните омега 3 масни киселини.

За омега 3 масните киселини се знае дека постојат три типа, DHA, EPA и ALA. Првите два типа најмногу се застапени во рибите од ладните мориња, морските плодови и алгите додека третиот тип го има во некои семиња и јаткасти плодови. Брилијант Омега 3 маслото за јадење е збогатено со DHA омега 3 есенцијална масна киселина од екстракт од алги и тоа во концентрација од 40 mg/100g масло и претставува извор на омега 3.

„Основен предизвик при креирањето современи производи од есенцијални омега 3 масни киселини е да се добие пречистена а концентрирана супстанција со високо дејство, која истовремено нема ниту мирис ниту вкус кој потсетува на риба и е соодветна и за деца и за вегетаријанци. Така, алгите стануваат се поинтересен и позначаен извор на омега 3 масни киселини кои го задоволуваат ова барање, а ние Брилијант Омега 3 го создадовме со доволно висока концентрација да ги задоволува потребите и да биде вреден извор на оваа масна киселина есенцијална за човековото здравје “, вели Ангела Стојкоска, шеф на одделение – Развој на производи и амбалажа во П.И. Витаминка ад Прилеп.

Омега 3 масните киселини се едни од најтемелно истражуваните хранливи компоненти и често се опишуваат како „скапоцени маснотии“ кои поволно делуваат на здравјето првенствено на мозокот, срцето и очите што е потврдено и од страна на Светската здравствена организација (СЗО). Храната збогатена со омега 3 станува вреден извор на овие скапоцени масни киселини во исхраната на човекот, посебно во современиот начин на живот.

Брилијант,
Твојот прв избор!

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …