Прилеп: Крводарителска акција по повод 11 Октомври

Прилеп: Крводарителска акција по повод 11 Октомври

Во ЦК „Марко Цепенков“, денеска се одржа традиционалната крводарителска акција која по повод 11 Октомври, ја организира Општинската организација на Црвениот Крст – Прилеп.

Крводарителската акција, во која како соорганизатор се јавува Одделението за трансфузиологија при Општата болница „Борка Талески“, ја посети и градоначалникот Илија Јованоски, кој рече дека акцијата е само уште еден доказ за хуманоста на прилепчани.

Денешната крводарителска акција е дел од програмата на Општина Прилеп за одбележување на Денот на народното востание, 11 Октомври.

Заради зголемениот број на случаи на Ковид-19 и препораките на Комисијата за заразни болести, одбележувањето на Денот на народното востание ќе помине без традиционалниот огномет.

Во склоп на програмата, вечерва во 19 часот ќе се одржи импровизираниот напад на Участакот, а во 19:30 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“.

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …