МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ И ДЕЗИНФИЦИРАЊЕ ВО БИТОЛА

МАСОВНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ И ДЕЗИНФИЦИРАЊЕ ВО БИТОЛА

На иницијатива на градоначалничката Наташа Петровска, денеска во Битола се изведува масовна акција за чистење и дезинфицирање во градот. Акцијата ја изведуваат битолските јавни претпријатија, со своја опрема и вработени лица,  под координација на ЈП „Комуналец“ Битола.

Во основните училишта и градинките, покрај чистењето, се вршеше и дезинфекција на објектите, дворовите и приодите, со механизација и грбни рачни пумпи за дезинфицирање.

Вработените во ЈП „Комуналец“ ја чистеа дивата депонија во населба Стрелиште со механизација, односно боб кет и камиони.

Во акцијата се изврши чистење и на Градското шеталиште, вклучувајќи го и просторот околу бистите, како и самите бисти на паднатите борци. Се собираа лисјата, органскиот отпад, а вработените од ЈП „Комуналец“ со посебни средства ги чистеа бистите и просторот околу нив. Со цистерната се изврши миење на шеталиштето.

Прочитајте повеќе

Владата одобри, околу 10.000 странски работници ќе добијат работни дозволи годинава

Владата одобри, околу 10.000 странски работници ќе добијат работни дозволи годинава

Влада донесе одлука за ангажирање на вкупно 10.000 странски државјани во 2026 година, со цел …