АКТИВНОСТИ НА СОВЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ВО БИТОЛА

АКТИВНОСТИ НА СОВЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ВО БИТОЛА

Советот за превенција при Општина Битола со кој претседава градоначалничката Наташа Петровска, во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, во текот на денот реализира активност за безбедност во сообраќајот заедно со дечињата од детската градинка „Мајски Цвет“.  Дечињата ја проследија претставата „Безбедно дете“, а потоа боеја на боенки со истата содржина.

Оваа активност ќе се спроведе и во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“.

Членовите на  Советот за превенција ја проследија едукативно информативната  работилницата во функција на поголема видливост на Советот за превенција и зголемена соработка со граѓаните и граѓанскиот сектор. На работилницата се разработуваа и теми за законската рамка за делување на ова тело и неговите надлежности.

Сите активности се во рамките на проектот „Здружени сме посилни и побезбедни“ на ЗГ Медиа Плус од Штип , во рамките на програмата Цивика мобилитас.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …