Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник,19-ти октомври:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 6 нови случаи на коронавирус, а 6 лица оздравеле од заразната болест;
- Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 63-годишна возраст;
- Бројот на активни случаи изнесува 226, од кои 192 се наоѓаат на домашно, а 34 на болничко лекување;
- Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 574 лица;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 931.