Во Прилеп одбележан Светскиот ден на џудото

Во Прилеп одбележан Светскиот ден на џудото

По повод Светскиот ден на Џудото, денеска во Паркот на револуцијата, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, а во организација на ЏК „Сеишин“  од Прилеп, се одржа настан со кој беше одбележан овој значаен ден за џудо-спортот.

Оваа година Светскиот ден на џудото се одбележа под мотото „Заедно посилни” и согласно тоа, организаторот ЏК „Сеишин“ ги покани двата градски клуба, ЏК „Санкаку“ и ЏК „Прилеп“ на заеднички празничен тренинг и заедничка прослава.

Покрај нив, на покана на ЏК „Сеишин“, на настанот присуствуваа и џудо ветераните од Прилеп, на чело со претседателот на иницијативниот одбор на џудо ветерани и селектор на џудо селекцијата на Северна Македонија, Киро Здравески.

Сите учесници се здобија со диплома за учество на настанот, издадена од Интернационалната џудо федерација.

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …