Во предлог-буџетот за 2021 година предвидени 2,2 милиони евра за гасификацијата

Во предлог-буџетот за 2021 година предвидени 2,2 милиони евра за гасификацијата

Во предлог-буџетот на Министерството за економија за 2021 година, за изградба на гасоводната мрежа се предвидени 140 милиони денари (2,2 милиони евра), средства коишто АД НЕР планира да ги обезбеди преку емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција на која информираше за буџетот на министерството. Во сумата не влегува повлекувањето на кредитни линии за оваа намена.

Бектеши додаде дека следната година ќе продолжи реализацијата на магистралната траса на гасоводот од Скопје до Гостивар, при што се очекува кракот да биде завршен. Исто така, се очекува и да започне експропријацијата на земјиштето од Гостивар до Кичево.

„Паралелно на тоа се работи и на воспоставување на јавно-приватно партнерство за доизградба на дистрибутивната мрежа за што веќе се обезбедени и експерти од страна на ЕБОР во три полиња и тоа во економско-финансиското работење, во правното работење, како и во техничките работи. Комисијата која е креирана од страна на Владата заедно со овие експерти во наредниот период треба да влезат во преговори со заинтересираните страни за изградба на дистрибутивната мрежа во нашата држава,“ одговори Бектеши на новинарско прашање.

Со последните измени на Законот за енергетика, Министерството за економија веќе е сопственик на АД НЕР.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …