Ѓорѓија Стојанов избран за нов спортски директор на Џудо федерацијата на Македонија

Ѓорѓија Стојанов избран за нов спортски директор на Џудо федерацијата на Македонија

Врз основа на објавениот конкурс за избор на спортски директор на Џудо федерацијата на Македонија, а по разгледувањето на пристигнатите апликации, Извршниот одбор на ЏФМ согласно член 40 од Статутот за работа, донесе едногласна одлука за назначување на Ѓорѓија Стојанов за нов спортски директор на Федерацијата.

Генералниот секретар на ЏФМ, м-р Миодраг Стојановиќ, од свое лично име и од име на раководството на ЏФМ, на Сојанов му го честита изборот и му посака успех во работата.

Заблагодарувајќи се за укажаната доверба, новиот спортски директор на ЏФМ, Ѓорѓија Стојанов, рече дека неговите заложби ќе бидат насочени кон унапредување на џудо спортот во нашата земја.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …