Земјотресот што денеска ги вознемири скопјани бил со јачина од 3,5 степени по Рихтер

Земјотресот што денеска ги вознемири скопјани бил со јачина од 3,5 степени по Рихтер

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот што се случи денеска во 14 часот и 9 минути бил со јачина од 3,5 степени според Рихтер, а епицентарот бил во скопското подрачје.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска на 02.12.2020 година во 14 часот и 09 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда од Мл 3,5. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот најсилно беше почувствуван од граѓаните во Скопје, со интензитет IV-V степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …