Општина Прилеп повторно ја активираше волонтерската служба

Општина Прилеп повторно ја активираше волонтерската служба

Имајќи ја во предвид целокупната ситуација со пандемијата на коронавирус, Општина Прилеп продоложува со имплементација на локални мерки во правец на заштита на здравјето на граѓаните.

За таа цел, Општина Прилеп ги стави во функција телефонските броеви 072 333 800 и 072 333 900, на кои секој ден од 8 до 16 часот, стари, болни, изнемоштени и возрасни лица со хронични заболувања, како и лица со посебни потребни, можат  да побараат помош за набавка и достава на храна, лекови и други средства за лична хигиена и дезинфенција.

Волонтерите од Општина Прилеп и спасителната служба „Златоврв” се со акредитација, видлива за граѓаните, опремени се со заштитна опрема за поголема лична заштита и заштита на граѓаните кои ги опслужуваат.

Волонтерите ќе ги посетат граѓаните во нивните домови и со средства од граѓаните, ќе ги набават потребните артикли од маркети и аптеки по избор на самите граѓани и ќе ги достават во нивните домови.

Целта на оваа мерка, е да ги заштитиме најранливите категории на граѓани од коронавирусот и да ја намалиме можноста од нивно изложување на ризик од инфицирање со заразната болест.

#ПочитувајтеГиМерките

#НосетеМаска

#ДржетеРастојание

#ДезинфицирајтеГиРацете

Прочитајте повеќе

Камшикот, од блиску дојде

Камшикот, од блиску дојде

Сумираната парола од вчерашните избори е „ви помина ли меракот?” Бидејќи, Македонија вчера гласаше „против“. …