АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, можна појава на голомразица

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, можна појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …