Во Софија уапсен Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски

Во Софија уапсен Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски

Вчера во Софија е уапсен Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски. Бугарската полиција го известила нашето Министерство за внатрешни работи дека Спасов бил приведен по претходно распишана меѓународна потерница од македонските власти.

По апсењето ќе започне и постапката за негова екстрадиција од Бугарија.

Спасов е поранешен специјалец од МВР, кој беше осуден за убиството на Мартин Нешкоски за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори на 5 јуни 2011 година.

Тој беше осуден на 14 години затвор, а по него се трага од октомври 2019, откако претходно одлежа околу половина од затворската казна.

Прочитајте повеќе

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Добра волја за пошироко толкување на Преспанскиот договор нема ниту партијата која ќе го предводи …