На инфективните оддели во Скопје и во болниците се лекуваат 596 позитивни и суспектни на ковид-19

На инфективните оддели во Скопје и во болниците се лекуваат 596 позитивни и суспектни на ковид-19

Министерство за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 596 и има околу 510 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 346 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 250 лица сомнителни и потврдени за ковид-19.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …