Стоп Полиција

Од билтенот на СВР Битола

На 2, 3 и 4 април, на подрачјето на СВР Битола биле извршени засилени контролни активности на патниот сообраќај.

Притоа, биле откриени и санкционирани 218 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 26 возачи кои не поседувале возачка дозвола, четири возила со истечена регистрација, 14 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, 7 кои не користеле сигурносен појас, 7 кои извршиле неправилно престигнување, а 6 возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле отстранети од сообраќај.

За сите прекршоци биле издадени соодветни налози.

Прочитајте повеќе

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот …