Заев по средбата со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива: Имаме усогласен договор за законските решенија за стекнување државјанство

Заев по средбата со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива: Имаме усогласен договор за законските решенија за стекнување државјанство

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во Собранието се сретнаа со претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, како и со пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците.

Целта на состанокот беше доусогласување на предложените решенија и ставовите во однос на донесувањето на законските одредби за стекнување државјанство утврдени на претходната средба.

Во изјавата после средбата премиерот Заев истакна дека е усогласен договор за законските решенија и нагласи дека деталите ќе бидат соопштени откако ќе бидат ставени на хартија правните формулации на договорените решенија.

„Веднаш ќе се работи на законското решение и верувам дека најбрзо што е можно кога ќе го имаме на хартија за да го видиме, да го потврдиме, а потоа и да ги споделиме со јавноста сите детали. Исклучително и само од аспект на внимателност. Се договоривме да соопштиме дека има договор“, рече премиерот Заев во изјавата по средбата.

Тој додаде дека откако решенијата ќе бидат ставени во правна законска рамка ќе бидат информирани и другите претставниците на коалицијата на мнозинството и на опозицијата во Парламентот.

„Мислам дека се сега само денови во прашање“, рече премиерот Заев во изјавата за медиумите по средбата на владината делегација со претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, како и со пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …