Заев: Отвораме два дополнителни вакцинални пункта во Прилеп и Велес

Заев: Отвораме два дополнителни вакцинални пункта во Прилеп и Велес

За време на вчерашната посета на нашата земја од страна на комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји и сојузната австриска министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер и заедничката обиколка на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, премиерот Зоран Заев најави отворање на два нови вакцинални пункта, во Прилеп и Велес.

„Очекувам вакцинирањето да тече без престан. Обезбедени се ефикасни и безбедни вакцини и затоа апелирам до сите граѓани – пријавете се на vakcinacija.mk за да добиете термин за вакцинирање. На овој начин, со заинтересираност на населението, со обезбедени вакцини и со добро организиран систем на вакцинација, очекуваме да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да влеземе во постигнување на колективен имунитет. Владата и Министерството за здравство веќе го иницираа формирањето на дополнителни регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација против КОВИД-19 во Битола, Охрид, Штип, Кавадарци, Тетово и Куманово, а многу бргу такви пунктови ќе бидат отворени и во Прилеп и Велес“, рече Заев на заедничката прес конференција со еврокомесарот Вархеи и австриската министерка Едштадлер.

Заев најави дека со количината од 120.000 „Фајзер“ вакцини кои ЕУ ги обезбеди како помош за Северна Македонија, заедно со пристигнатите вакцини од другите производители, како и со останатите договорени количини вакцини кои ќе пристигнат до крајот на годината, нашата земја влегува во процес на широка и обемна имунизација на севкупното население.

Во својата изјава премиерот Заев потенцираше дека сето ова не треба да придонесе за попуштање на вниманието и претпазливоста кај граѓаните, туку дека паралелно со масовната вакцинација, мора да продолжиме со примена на мерките за лична заштита, сѐ додека епидемиолозите и Институтот за јавно здравје не донесат други препораки.

Прочитајте повеќе

Наградата за слобода на говор на ДВ за Јулија Навалнаја

Наградата за слобода на говор на ДВ за Јулија Навалнаја

Јулија Навалнаја ја продолжува работата на својот сопруг, рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина во …