СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“: ОДРЖАНА ТРАДИЦИОНАЛНАТА СРЕДБА СО УЧИЛИШНИОТ ПАРЛАМЕНТ И УЧЕНИКОТ – ПРАВОБРАНИТЕЛ

СОУ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“: ОДРЖАНА ТРАДИЦИОНАЛНАТА СРЕДБА СО УЧИЛИШНИОТ ПАРЛАМЕНТ И УЧЕНИКОТ – ПРАВОБРАНИТЕЛ

Како и секоја учебна година, така и оваа, пред завршувањето на школската година за матурантите, во училишниот двор на СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп, беше одржана традиционална средба со Училишниот парламент, претседателите на класовите и Ученикот – правобранител.

Оваа средба е во функција на резимирање на постигнувањата на учениците од завршните години во текот на нивното образование во средното општинско училиште, како и вештините и способностите кои ќе им помогнат успешно да влезат во светот на академските граѓани, а на учениците од пониските класови – поттик за уште поголем напредок.

Исто така, координативниот тим на училиштето на проектот за правата на детето, во чиј состав работи Училишниот парламент и моделот Ученик – правобранител, им се заблагодари за одличната соработка, ентузијазмот и креативноста на Ученикот – правобранител Матеа Поповска и Заменикот ученик – правобранител, Филип Наумоски, кои исто така се матуранти.

На средбата беа присутна в.д. директорката на училиштето Петра Лукароска, претседателката на Училишниот одбор, Марта Макеска и претставничката на Советот на родители, Гордана Кафеџиоска.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …