Прилеп: „Отворен ден“ за промоција на струките и дуалното образование во средните стручни училишта

Прилеп: „Отворен ден“ за промоција на струките и дуалното образование во средните стручни училишта

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски заедно со претставници од Министерството за образование и наука, денеска ги посети четирите средни стручни училишта во општината, каде во рамки на кампањата на МОН за унапредување на стручното образование „Учи паметно, работи стручно“ и воведувањето на концептот на дуално образование, се одржа таканаречен „Отворен ден“.

На поставени едукативни штандови во средните општински училишта „Ѓорче Петров“, Кузман Јосифоски-Питу“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески-Ричко“, учениците кои годинава го завршуваат основното образование и нивните родители, имаа можност да се запознаат со образовните профили кои ги нудат
училиштата и предностите од концептот на дуалното образование.

Прилеп: „Отворен ден“ за промоција на струките и дуалното образование во средните стручни училишта„Кога зборуваме за дуалното образование, треба да се потенцира дека станува збор за нов модел, нова форма на образование, со која учениците стекнуваат стручни знаења и вештини, со цел да бидат поконкурентни на пазарот на труд. Ме радува фактот што компаниите од нашиот град ги отворија вратите за дуалното образование, што е во интерес не само за учениците и професорите
по стручните предмети, туку и за стопанството во општина Прилеп. Општина Прилеп, заедно со Министерството за образование и наука и стопанските субјекти од градот, ќе продолжи да го поддржува дуалното образование, затоа што на тој начин ќе имаме квалификуван стручен кадар, што е основа за нови инвестиции и отворање на нови работни места“, изјави градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Прилеп: „Отворен ден“ за промоција на струките и дуалното образование во средните стручни училишта„Сите ние знаеме дека во стручните училишта праксата е основа за успех. Како резултат на практичната настава, компанијата добива еден млад специјалист кој веќе е запознат со нијансите на својата идна работа и е подготвен да ја започне. Соработката која ние ја имаме со реални компании, ги мотивира учениците постојано да работат, да бидат иновативни и да вложуваат во себе. Со професионален пристап и пракса ги оспособуваме младите за живот и работа преку активно вклучување во реални проекти и воедно ја поттикнуваме и подобруваме нивната комуникација со локалната заедница“, истакна директорката на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“, Билјана Маркоска.

Инаку, во поголем дел од струките кои ги нудат средните училишта во Прилеп за прв пат се воведува концептот на дуално образование, кој сам по себе е доста интересен за младите, бидејќи покрај изучувањето на теоријата, се обезбедува практична обука за учениците во локалните компании.

Прочитајте повеќе

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ …