Влада

Седница на Владата, на дневен ред Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за работни односи

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 77 седница на која, според Дневниот ред ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

Пред министрите на разгледување ќе се најдат и Информацијата за склучување на Договор за издавање на гаранции од гарантен фонд организиран од и банка на Северна Македонија АД Скопје, како и Информацијата за склучување на Договор за администрирање на Фондот за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – КОВИД 4 со Предлог одлука за распределба на средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – КОВИД 4.

На седницата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика ќе се разгледува и Информацијата за формирање на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, со Предлог-одлука и Предлог-решение.

Седницата, која ќе започне во 12:00 часот и на која ќе бидат разгледани повеќе точки на дневниот ред од Владината програма за работа и од интерес на граѓаните, ќе се одржи со физичко присуство на членовите и службите во Владата.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …