Пендаровски: Ангажман на целосниот капацитет на Армијата за гаснење на пожарите во Старо Нагоричане и Кочани

Пендаровски: Ангажман на целосниот капацитет на Армијата за гаснење на пожарите во Старо Нагоричане и Кочани

Соопштение од Кабинетот на Претседателот на државата, Стево Пендаровски

Вечерва во Крушево началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го информираше претседателот Стево Пендаровски за состојбата со пожарите низ земјата и посебно за големиот пожар во Кочани доцна попладнево.

Претседателот Пендаровски, како Врховен командант, во 16:30 часот издаде наредба за ангажман на Армијата со целосен капацитет. Одобрена е и употреба на воздухопловите, кои денеска веќе интервенираа во Старо Нагоричане, а утре наутро одат на помош во Кочани.

 Во текот на денот беа ангажирани околу 170 припадници на Армијата, а во текот на ноќта ќе се следи состојбата на терен и ќе се ангажираат дополнителни сили, како и средства за справување со состојбите и помош на населението насекаде каде што има потреба.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …