Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 6 до 12 септември 2021 година, како и вкупен број на заболени и починати од почетокот на пандемијата:
- Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 6 до 12 септември 2021 година, во општина Прилеп имало 83 нов случај на Ковид-19;
- Од последици на коронавирусот починале 5 лица;
- Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 269; на болничко лекување се наоѓаат 17 лица, од кои 14 се на кислородна поддршка; во домашни услови се лекуваат 252 лица;
- Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.821;
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починале 443 лица.