Раководството на „Еурокомпозит“ бара од претседателот на синдикалната организација да се извини за искажаните клевети

Раководството на „Еурокомпозит“ бара од претседателот на синдикалната организација да се извини за искажаните клевети

Почитувани,

Се обраќаме до медиумите и до јавноста како раководство на фирмата „11 Октомври Еурокомпозит“  АД Прилеп.

Имено, во изјавата за медиумите на претседателот на синдикалната организација на „Еурокомпозит“, Роберт Богданоски, дадена на 07.10.2021 година тој вели, цитираме: „Ние се сомневаме дека раководството ги прави овие кражби, затоа што обични граѓани незнаат ниту каде се тие магацини, ниту пак како да се влезе до таму“.

Оваа изјава ние како раководство целосно ја демантираме и бараме претседателот на синдикалната организација на „11 Октомври Еурокпмпозит“  АД Прилеп, Роберт Богданоски, јавно да се извини пред сите медиуми кои биле присутни тогаш кога ја дал изјавата.

За нас неговата изјава претставува клевета и навреда на нашиот углед и доколку не го стори тоа, ќе мора дадената изјава да ја докажува пред суд.

Со почит,

Раководство на

„11 Октомври Еурокомпозит“ АД Прилеп

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …