Заев: Сработивме на реформски план, покажавме лидерство во решавањето на добрососедските односи, очекуваме од ЕУ да го испорача ветеното

Заев: Сработивме на реформски план, покажавме лидерство во решавањето на добрососедските односи, очекуваме од ЕУ да го испорача ветеното

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Михаел Линхарт, федерален министер за надворешни работи на Република Австрија.

На состанокот беше нагласен и поздравен посебниот придонес на премиерот Заев во стабилноста на нашата држава и на регионот. Исто така е истакната силната поддршка од Република Австрија за продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и конкретно за почеток на преговорите на ЕУ со Република Северна Македонија, во декември годинава. Изразен е и голем интерес од австриска страна за нови инвестиции во државава.

Премиерот Заев се заблагодари за големата, пријателска, принципиелна поддршка од Австрија, како еден од најголемите поддржувачи на евро-атлантските перспективи на Северна Македонија и меѓу најголемите инвеститори во државава, но и за покажаната солидарност во време на пандемијата.

„Сработивме на реформски план, покажавме лидерство во решавањето на добрососедските односи низ дијалог, пример сме во регионот за функционално мултиетничко општество едно и еднакво за сите и очекуваме од Европската Унија да го испорача ветеното и во најскоро време да ги почнеме преговорите со ЕУ. Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори – напротив до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата Заев, во таа насока, ги објасни и поволностите и поддршката што ја имаат инвеститорите од државата. Претставниците од бизнис делегацијата изразија посебно интерес за можни инвестиции во енергетиката и посебно во делот на обновливите извори на енергија.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …