Две дози вакцина против ковид-19 до сега примиле 38 отсто од граѓаните

Две дози вакцина против ковид-19 до сега примиле 38 отсто од граѓаните

Во петокот и во саботата биле дадени вкупно 5.611 дози вакцини, од кои 2.387 се прва доза, а 1.163 граѓани биле ревакцинирани. Трета доза вакцина против ковид-19 примиле 2.061 граѓани, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Според статистиките од Министерството, заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 822.751 граѓани, ревакцинирани се 789.905, а трета доза примиле 63.137 граѓани.

Дури 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани.

Опфатот со вакцинација со две дози на вакцина против ковид-19 на полнолетната популација е 47 отсто. Во однос на целата популација, 38% од граѓаните добиле две дози вакцина.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

Одлуката на Вишиот управен суд која во неколку наврати заврши во корист на ДКСК не …