Градоначалникот Христоски меѓу крушевските средношколци

Градоначалникот Христоски меѓу крушевските средношколци

Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски денеска одржа средба со дел од учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“, во рамки на проектот „Отворено општество“ кое го спроведува крушевското средно училиште.

Тема на средбата беше справување со проблемот на кучиња-скитници, за што учениците имаа свои предлози и заедно со градоначалникот разговараа за подобрување на состојбата.

Целта на проектот, кој ќе биде дел од годишната програма на „Наум Наумовски Борче“, е да поттикне зголемено граѓанско учество на младите за да станат активни чинители во општеството. Дел од овој проект е и ООУ „Никола Карев“.

„Големо е задоволството да се разговара со младите на теми кои не’ засегаат сите нас. Навистина, младите аргументирано ми пристапија и имавме еден плоден разговор. Сакам да продолжиме со вакви средби, со цел за поголема вклученост на младите во општествените процеси на локално ниво“, изјави по средбата градоначалникот Христоски.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …