Набавени 7.000 борбени униформи за АРМ и 700 униформи за специјалците

Набавени 7.000 борбени униформи за АРМ и 700 униформи за специјалците

Министерството за одбрана (МО) соопшти дека набавило 7.000 нови борбени униформи за припадниците на АРМ. Баталјонот за специјални операции добива нови 700 комплети на борбени униформи, специјално дизајнирани според нивните побарувања.

Новите униформи вчера пристигнаа во касарната Ѓорче Петров во Скопје. Со ова целосно се завршува опремувањето на Армијата со нови борбени униформи, извести МО.

„Пред само неколку години, еден од најспоменуваните проблеми во Армијата беше недостигот на чизми и униформи за нејзините припадници. Покажавме дека со политичка волја и работа можат да се решат тие проблеми. Но, не застанавме тука. Го решивме проблемот, но воспоставивме и систем на снабдување кој треба да гарантира дека таквите проблеми никогаш нема да се повторат. Затоа, беше воведено правило на целосна покриеност на припадниците на Армијата со два комплета борбена униформа, и тоа правило целосно го реализиравме“, соопшти Министерството за одбрана.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …