Шолц

Фотографија на денот: Германија во очекување на заклетвата на новиот канцелар – Олаф Шолц

Олаф Шолц денеска треба да биде потврден во Бундестагот за нов германски канцелар, на чело на коалиција од СПД, Зелените и ФДП. Со тоа по 16 години завршува ерата на Меркел.

Социјалдемократот Олаф Шолц е единствен кандидат за сојузен канцелар, а за изборот е потребно мнозинство од пратениците во Бундестагот. Од актуелните 736 пратеници, потребни се 369 гласови. Коалицијата од СПД, Зелените и Либералите располага со 416 мандати.

Изборот на канцеларот се врши со тајно гласање.

Олаф Шолц ќе биде четврти канцелар од СПД, по Вили Брант, Хелмут Шмит и Герхард Шредер. ЦДУ досега ги имаше како канцелари Конрад Аденауер, Лудвиг Ерхард, Курт Георг Кисингер и Хелмут Кол, а во изминатите 16 години – Ангела Меркел.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

Русија користи хемиско оружје во војната во Украина?

САД ја обвинија Русија за употреба на хемиско оружје против украинската војска, Москва демантира. Русија …