Александар Петличковски

Александар Петличковски е нов претседател на Комисијата за заразни болести

Доктор Александар Петличковски, актуелен директор на Институтот за имунологија е избран за нов претседател на Комисијата за заразни болести. Досегашен претседател на оваа комисија во рамките на Министерството за здравство беше д-р Жарко Караџоски.

Исто така, за лице надлежно за односи со јавност на Комисијата за заразни болести е назначен д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје.

Инаку, Комисијата за заразни болести беше формирана на 15 март 2020 година од претходниот министер Венко Филипче, на самиот почеток на ковид-19 пандемијата во земјава. Како стручно, советодавно тело за справување со ковид-19, во Комисијата се избираат истакнати стручњаци од областа на епидемиологијата, инфектологијата, микробиологијата, педијатријата, ветерината и други специјалности.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …