Премиерот Ковачевски заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими за време на самитот, покрај учеството на пленарната сесија на самитот со која ќе претседава претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, ќе остварат и повеќе други работни средби со високи претставници на банката.
За време на Инвестицискиот Самит на Европската банка за обнова и развој за Западен Балкан којшто ќе се одржи во Лондон, премиерот Ковачевски е предвидено да се сретне и со високи претставници на ЕУ, како и да оствари повеќе билатерални средби со лидерите на земјите од Западен Балкан.
Во рамките на посетата на Лондон, премиерот Ковачевски и членовите на делегацијата на Северна Македонија предвидено е да остварат и други средби во организација на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство.