Атанас Коларовски

Почина играорецот и кореограф од фолклорниот ансамбл „Танец“, Атанас Коларовски

Во својата 96-та година од животот, денеска почина Атанас Коларовски, знаменитиот играорец и кореограф од првата генерација на ансамблот за народни песни и игри „Танец“.

Атанас Коларовски е роден во Драчево, Скопско, во 1926 година. Со формирањето на Државниот ансамбл „Танец” станал негов член и речиси дваесет години бил уметнички директор, кореограф и играорец-солист.

Неговиот живот се опишува како неверојатно богат и успешен. Во 1970 година се преселил во Соединетите Американски Држави каде продолжил со својата активност како инструктор, пренесувајќи им го богатството на македонскиот музички и играорен фолклор на генерации вљубеници од целиот свет.

„Коларовски е автор на повеќе врвни кореографии за „Танец“, меѓу кои и на антологиските „Драчевка”, „Калајџиско” и „Невестинско”. Тој остави длабока и неизбришлива трага на целокупната македонска култура, а неговите творби го внесоа во вечниот македонски незаборав“, соопштија од „Танец“.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ - нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Костадиновска-Стојчевска: „Правината се танчи, ама не се кинит“ – нов мурал во Прилеп во рамки на “Цртај на македонски”

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура …