Влада

Владата ја одржува својата 32 седница

Владата денеска ќе ја одржи редовната 32 седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, за разгледување e најавена Информацијата за потреба од преземање на мерки и активности поврзани со Каталог на услуги и Националниот портал за електронски услуги на предлог на Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење.

Според предложениот дневен ред, меѓу другото, на денешната седница ќе се разгледува и Предлог-стратегијата за развој на верскиот туризам и поддршка на активните манастири, со Акциски план 2022-2026 изготвена и предложена од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса

Заменик- претседателот на Владата, Фатмир Битиќи на својата официјална фејсбук страница имаше реакција на едностраната …