Анатолиј Чубаис

Рускиот специјален пратеник Анатолиј Чубаис поднесе оставка и ја напушти земјата поради војната во Украина

Специјалниот пратеник на Русија за одржлив развој и помошник на рускиот претседател Владимир Путин за врски со меѓународни организации, Анатолиј Чубаис, поднел оставка на оваа функција и ја напуштил Русија, пишува Блумберг.

Тој својата одлука ја темелел на ставот дека е против војната во Украина, информирале два неименувани извори.

Блумберг забележува и дека 66-годишниот Чубаис е највисоко рангираниот функционер кој си заминал од Кремљ поради рускиот напад на Украина.

Чубајс е еден од ретките реформатори на руската економија од 1990-тите години на минатиот век кој останал во владата на Путин и истовремено ги задржал блиските врски со западните функционери, пренесува Блумберг.

Извор: 360степени

Прочитајте повеќе

Израелската армија нареди евакуација пред операцијата во Рафа

Израелската армија нареди евакуација пред операцијата во Рафа

Израелската војска им наредила на Палестинците кои живеат во населбите во Источен Рафа, во близина …