Во Скопје состанок на директорите на полициите од регионот

Во Скопје состанок на директорите на полициите од регионот

Денеска во Скопје, како што најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ќе се одржи состанок на директорите на полициите од целиот регион на кој ќе се расправа за соработката во безбедносните прашања, миграцијата, руската агресија врз Украина.

„Ние в четврток ќе одржиме еден состанок, една средба на директори на полиции од целиот регион што е една добра можност да се договорат работите на оперативно ниво“, изјави министерот Спасовски за МИА. Според него, соработката е важна особено во борбата против организираниот криминал, трговијата со дрога и оружје, илегалната миграција, тероризмот.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …