Шолц

Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц утре во Скопје

Утре, сабота 11 јуни, канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц ќе пристигне во официјална посета на нашата земја.

Канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

Според агендата, после церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Прочитајте повеќе

полиција

Запален службениот автомобил на директорот на затворот Идризово

Од пожарот бил зафатен дел од фасада на зграда, како и предмети на балкони на …