Поради утрешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, булевар „Илинден“ пред Владата од денеска ќе биде затворен за сообраќај

Поради утрешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, булевар „Илинден“ пред Владата од денеска ќе биде затворен за сообраќај

Поради протестот што утре (сабота 18.06.2022 г.) ќе го организира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, почнувајќи од денеска (петок 17.06) од 17:00 часот па сè до завршувањето на настанот, делот од булеварот „Илинден“ пред зградата на Владата ќе биде затворен за сообраќај.

Поточно, сообраќајот нема да се одвива од крстосницата на булевар „Гоце Делчев“ со булевар „Илинден“, до крстосницата на булевар „Илинден“ со булевар „Св. Климент Охридски“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи „на околните сообраќајници ќе се преземаат мерки за посебен режим на сообраќај. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …