Во вторник почнува исплатата на јунските пензии

Во вторник почнува исплатата на јунските пензии

На синоќешната седница на Владата, беше усвоена и Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година, со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.6.2022 година.

Со овие препораки, деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.6.2021 година.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во вторник, 28.06.2022 година;
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во среда, 29.06.2022 година;
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во четврток, 30.06.2022 година, и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во петок, 01.07.2022 година.

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …