хрватска мост

Хрватска го добива големиот инфраструктурен проект, Пељешкиот мост долг 2.400 метра и „тежок“ 420 милиони евра

Денеска во Хрватска свечено ќе биде пуштен во употреба Пељешкиот мост, големиот инфраструктурен објект со кој југот на Хрватска ќе биде поврзан со останатиот дел од државата.

Должината на мостот изнесува 2.400 метра, а неговата вкупна вредност изнесува 420 милиони евра, од кои 85 отсто или 357 милиони евра, ги обезбеди Европската Унија.

Мостот го проектирал словенечкиот инженер Марјан Пипенбахер, кој зад себе има повеќе од 200 такви проекти. Според неговите зборови, Пељешкиот мост спаѓа во светски ранг и е меѓу петте најголеми европски мостови преку морски заливи, кои се изградени на почетокот на 21 век.

Истовремено, најголемиот предизвик во неговата изградба бил проектирањето на темелите, со оглед на тоа што мостот е изложен на ветрови и се наоѓа во сеизмичко подрачје.

Градежните работи на Пељешкиот мост ги извршила кинеската компанија China Road and Bridge Corporation (CRBC), а посебно треба да се потенцира фактот дека за време на неговата изградба, не загинал ниту еден работник.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …